28.8 C
Skopje
четврток, 21 август 2025

Триумфот над вечниот ривал беше посебен за Леброн Џејмс

Леброн Џејмс застана на осмото место на вечната листа на кошаркари со најмногу победи во историјата на НБА лигата, по триумфот на ЛА лејкерс од 96:95 на гостувањето кај вечниот ривал Бостон селтикс.

Кралот го надмина Дерек Фишер, легендата на Лејкерс и петкратен шампион, и застана на осмото место со 854 победи во кариерата.

Следен рекорд кој го брка е оној на Тони Паркер од 892 победи, учинок кој Леброн може да го стигне до крајот на регуларниот дел од сезоната, знаејќи дека Лејкерси целат на одбрана на тронот.

Инаку, апсолутен рекордер е иконата Карим Абдул Џабар со 1.074 победи во 1.560 одиграни натпревари.

- Оглас -

Најнови вести