По големите возбудувања минатиот викенд на лудата трка во „Силверстоун“, нема одмор за Формула 1 пилотите, уште денеска им почнуваат нови дуели со конкурентите.
Денеска на патеката „А1 ринг“ ќе се возат квалификации за утрешната спринт мини трка која ќе одредува кому ќе му припадне пол-позицијата.
Во понудата на Sport Life има квоти и за квалификациите и за спринтот. Главни фаворити на денешните квалификации се Шарл Леклер од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул.
За шампионот Ферстапен, кому Австрија му е домашен терен затоа што Ред Бул е австриска компанија, квотата е иста (2.25) и дека денеска ќе биде најбрз и дека ќе победи на спринтот. Победа на спринт-трката носи три бода и пол-позиција на неделната трка. Во Австрија тешко е да се престигнува и затоа е важно кој ќе тргне прв.