Трката по клучевите од станот на Водно е во полн ек и супернеизвесна

Златко К. од Скопје е лидер по осум дена од финалето на Типстер купот што го организира Sport Life. На речиси една третина од финалната фаза, која ќе трае до 10 септември, Златко има собрано 29.699,6 бодови и има предност од околу 2.000 бодови пред второпласираната Билјана К., која исто така како и Златко, најчесто уплаќа тикети во објекти во западниот дел на Скопје.

Билјана има 27.868,9 поени, а над 27.000 бодови имаат уште Воислав Н., Ѕвонко М., Христо Т. и Томислав П. Сето ова најавува многу интересна трка за премијата, а тоа е СТАН ВО СКОПЈЕ, во населбата Водно.

Разликите се мали, многу работи може да се сменат до 10-тиот ден од наредниот месец, па добитникот на станот можеби нема да се знае до последниот ден на финалето, во кое учествуваат 3.523-ца одлични прогнозери кои не случајно се најдоа во битката за премијата.

Награди ќе има за најдобрите десетмина. Најдобропласираните во финалето на Типстер купот ќе освојат:

1. Стан во Скопје во елитната населба Водно

2. 5.000.000 СЛ Маркет поени

3. 3.000.000 СЛ Маркет поени

4. 1.000.000 СЛ Маркет поени

5.    500.000 СЛ Маркет поени

6.    200.000 СЛ Маркет поени

7.    100.000 СЛ Маркет поени

8.      50.000 СЛ Маркет поени

9.      40.000 СЛ Маркет поени

10.      30.000 СЛ Маркет поени

За сите обложувачи што се пласираа во финалето ќе има и ваучер од 50 денари, со услов да одиграат барем 10 тикети со СЛ картичка.

Ситуацијата на табелата може да ја следите тука.

 

- Оглас -

Најнови вести