Трката за СТАН НА ВОДНО финишира на полноќ, Дејан е топ-фаворит за супер премијата во Типстер купот

На полноќ завршува трката за една од највредните премии СТАН НА ВОДНО што ја доделува Sport Life во финалето на Типстер купот, кое траеше еден месец, од 10 август до 10 септември.

Дејан К. моментно е лидер и има голема предност од речиси 17.000 поени и останува топ-фаворит за супер атрактивната награда, една од највредните од независноста на Македонија.

Со 125.045,4 поени Дејан е на врвот пред Бобан Т. со 108.470,1 поен, а конечниот изглед на табелата ќе биде познат откако ќе се пресметаат бодовите на сите тикети што се уплатени до полноќ.

Финалето на Типстер купот сè уште е исклучително интересно и сè уште има доста кандидати за пласман во Топ-10, позиции што носат награди за најдобрите типстери во Sport Life.

Шампионот ќе добие клучеви од станот во Скопје, за вицешампионот е подготвена награда од 5.000.000 поени со кои може да се пазари во широката лепеза со производи во СЛ маркетот, а на третопласираниот му следуваат 3.000.000 поени.

Редоследот до топ-10 е според следната распределба на поени, кои ќе им бидат префрлени на наградените на нивните СЛ картички од Sport Life:

4. 1.000.000 СЛ Маркет поени
5.    500.000 СЛ Маркет поени
6.    200.000 СЛ Маркет поени
7.    100.000 СЛ Маркет поени
8.      50.000 СЛ Маркет поени
9.      40.000 СЛ Маркет поени
10.    30.000 СЛ Маркет поени

 

 

- Оглас -

Најнови вести