Откако даде 4 гола против Боависта, шведскиот голгетер од редовите на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш, е нов лидер на трката за Златната копачка во Европа за сезоната 2024/2025.
Ѓокереш сезонава има постигнато 38 гола, што помножено со 1,5, колку што се даваат за голови во португалската лига, изнесува 57 поени.
И покрај тоа што има предност од 10 гола во однос на Мохамед Салах од Ливерпул, Ѓокереш има само еден бод предност во трката за најдобар стрелец во Европа бидејќи коефициентот на постигнати голови во Португалија е 1,5 поен, додека во Англија вреди 2 бода (исто како и во италијанската, германската, шпанската и француската лига).
Зад нив се Роберт Левандовски од Барселона со 25 гола и 50 бодс, Хари Кејн од Баерн Минхен со 24 гола и 48 бода, Матео Ретеги од Аталанта со 24 гола и 48 бода и Килијан Мбапе од Реал Мадрид со 22 гола и 44 бода.
Левандовски е повреден, па тој има помалку шанси за признанието, на ланскиот победник Кејн ќе му треба некое чудо за да успее и годинава, па се чини дека трката веројатно ќе биде помеѓу Ѓокереш и Салах. На двајцата им останаа уште по три меча до крајот на сезоната.
Инаку, уште од 2002 година не се случило Златна копачка да биде фудбалер кој не е од топ 5 лигите. Тогаш победник беше Марио Жардел, кој тогаш играше за Спортинг Лисабон, исто како и сега Ѓокереш.