Трофеи од Купот ќе се доделуваат во Италија, Турција и Русија, од Ајакс и Реал се очекуваат голови (Фото)

Пет натпревари се дел од понудата на Sport Life со Квотите на денот, а на три од нив вечерва ќе бидат доделени трофеите од националните купови. Вкупната квота на петте предлози изнесува 46.8, додека поединечно квотите се движат помеѓу 2.05 и 2.35.

Зенит има предност од 2-0 од првиот меч од финалето на рускиот Куп, па домашните денес нема што да бранат. Понудената квота од 2.35 ќе биде добитна само ако ЦСКА Москва не загуби на домашен терен, но и ако двете екипи постигнат барем по еден гол.

Галатасарај е фаворит за трофејот од Купот на Турција против Трабзонспор, па квотата од 2.15 ќе биде добитна само ако гигантот од Босфорот ја оправда фаворитската улога во меч на кој ќе има барем еден гол во првото полувреме.

Гронинген и Ајакс играат меч од првенството на Холандија, а она што се очекува се голови од гостите. Квотата од 2.05 ќе биде добитна само ако екипата од Амстердам постигне барем еден гол во првото полувреме, но и најмалку два на целиот натпревар.

Вечерва ќе биде доделен и трофејот од Купот на Италија, а во финалето се среќаваат Болоња и Милан. „Црвено-црните“ од Милано се во мала фаворитска предност, па доколку не загубат во регуларните 90 минути, но и ако има помеѓу два и пет гола, квотата од 2.10 ќе биде добитна.

Реал Мадрид е голем фаворит во мечот против Мајорка на домашен терен, па понудената квота од 2.15 ќе биде добитна само ако Кралевите бидат ефикасни и постигнат помеѓу еден и три гола и во првото и во второто полувреме.

- Оглас -

Најнови вести