Трофеите носат и пари – Европскиот рекордер заработува најмногу од спонзорите (Фото)

Реал Мадрид има најголем годишен ќар од главниот спонзор, авиокомпанијата „Емирејтс“ и во касата на европскиот рекордер со 13 шампионски круни во КЕШ и ЛШ пристигнуваат 70 милиони евра.

На второто место е Пари Сен Жермен, со годишна заработувачка од 65 милиони евра според спонзорскиот договор што го имаат Светците со „Акор лајв лимитлес“, синџир на туристички хотели, ресорти за одмор, најголем во Европа и шестти во светот.

Спонзорскиот договор со „Спотифај“ на Барселона и носи на годишно ниво по 57.5 милиони евра, а на делба на четвртото и петтото место се градските ривали Манчестер сити со „Етихад“ и Манчестер јунајтед со „Тим вјуер“ со по 55 милиони евра годишно од спонзорските договори.

Еве ја листата со 11 највисоки договори и клубови со своите главни спонзори.

[sponsors.de] Clubs with the highest annual earnings from their main sponsors. from soccer

 

- Оглас -

Најнови вести