Вечерва во португалскиот град Брага и официјално Игор Стефановски – Иџе е прогласен за европски шампион во ридско-брзински трки. Нашиот возач беше убедливо најдобар во текот на целата сезона и сосема заслужено го доби пехарот како потврда на сето она што направи годинава.
За Игор Стефановски – Иџе ова е трета европска титула во ова натпреварување кое го организира ФИА, откако претходно победуваше и во 2014-тата и 2015-тата година.