Трофејот од германскиот куп ќе оди во Дортмунд

1005 Манчестер јунајтед – Ливерпул (21.15 часот)

Овој меч беше одложен поради нередите кои ги предизвикаа навивачите на Јунајтед кои протестираа против газдите на клубот, па затоа овој тим нема одмор и само два дена после дуелот со Лестер, имаат нов меч со екипа која брка место во ЛШ. За Ливерпул како лански првак на Премиерлигата, голем неуспех би било ако остане без пласман во ЛШ, и затоа Црвените мора да победат за да се искачат на петто место со четири бода помалку од четвртиот Челзи, на три кола до крајот. На Ѓаволите мечот им е значаен само поради престиж, но нема да му се предадат без борба на историскиот ривал.

Предлог тип: 3+ (1.67)

 

3010 Кротоне – Верона (20.45 часот)

Кротоне веќе е испаднат, а ако прими повеќе од еден гол до крајот на сезонава, ќе стане негативен рекордер во историјата на Серија А по број на примени голови. Во 35 кола, Кротоне прими дури 90 гола. Верона не е во форма, има серија од шест кола без победа, а тоа е тим кој има дадено ист број голови како и Кротоне, но веројатно има сили да извојува барем минимална победа.

Предлог тип: 2 (1.85)

 

1350 Еибар – Бетис (20.00 часот)

Еибар е последен, но со двете победи без примен гол во претходните две кола, покажа дека не се откажал од опстанок во првата лига. На малиот и незгоден терен на „Ипуруа“ го пречекуваат Бетис кој се бори за место во Лига Европа. Бетис е шести и не знае за пораз уште од градското дерби кое се играше на 14-ти март. Со победа, Еибар ќе има добри шанси за опстанок. Баскискиот клуб кон крајот на ноември го победи Бетис во Севилја со 2-0 и сега треба да го повтори подвигот.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.45)

 

3012 Венеција – Киево (21.00 часот)

Ова е четвртфинале од плејофот во италијанската Серија Б, се игра еден само меч и победникот оди во полуфинале против Лече. Венеција е домаќин и тоа треба да значи некаква предност. Пред неполни две недели, на 1 мај, Венеција на свој терен го совлада Киево со 3-1, но сега притисокот е поголем, немаат право на грешка. Летечките магариња едвај се пробија до осмото место на табелата кое носи разигрување.

Предлог тип: & 2-3 (2.85)

 

1881 Лајпциг – Борусија Дортмунд (20.45 часот)

Финалето на Купот на Германија се игра на неутрален терен во Берлин. За Лајпциг, освоен трофеј ќе значи многу, бидејќи во првенството ја загубија битката со Баерн, а и тренерот Јулијан Нагелсман би се простил од клубот со пехар. Борусија се мачи во Бундеслигата да се пласира на место кое води во ЛШ, и ако успее и да биде во топ 4 во лигата и да го земе купот, ќе може да кажат дека имале успешна сезона. Проблем е што двата тима ќе бидат значително ослабени, но кај Борусија се враќа Халанд. На 8 мај, Дортмунд го победи Лајпциг со 3-2, се чини дека головите и вечерва се загарантирани.

Предлог тип: 2 (2.50)

 

- Оглас -

Најнови вести