Трофејот од ЛШ му донесе на ПСЖ убедливо најголема добивка во Европа

Екипата на ПСЖ со освојувањето на трофејот од Лигата на шампионите дојде и до најголемата заработка од европските купови за сезоната која штотуку заврши. „Светците“ за целата сезона заработија 148,4 милиони евра, што е за речиси 12 милиони евра повеќе од финалистот Интер.

На третата позиција е Арсенал со 117 милиони евра, односно 400.000 евра повеќе од Барселона. Со заработка од над 100 милиони евра се и Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Реал Мадрид.

Од екипите кои играа во групната фаза на Лигата на шампионите најмалку доби Слован Братислава, само 21,9 милиони евра, додека освојувачот на Лигата на Европа, Тотенхем, заработи 45,4 милиони евра.

Челзи како освојувач на Конференциската лига како парична награда од УЕФА доби само 100.000 евра повеќе од Слован Братислава, односно 22 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести