Трогателна е приказната на романскиот голман

Репрезентацијата на Романија за играчи до 21 година игра одлично на Европското првенство. По првите две кола, Романија е со максимални шест бодови и е лидер на табелата пред Франција, Англија и Хрватска и се на чекор од пласман во полуфиналето.

На голот на Романија е 22-годишниот голман на Џенова Јонут Раду, кој со години живее во Италија. Раду уште во 2013 година потпиша за Интер и уште е под договор со Нераѕурите. Како дете, Јонут преживеал една трагедија. Почината неговата сестра Ема, која имала само девет години.

„Секогаш со себе ја носам маицата посветена на Ема. Кога бев дете си ветив дека секогаш ќе ја носам маицата, без разлика на кој стадион во светот ќе бранам. Маицата стои покрај голот. На тој начин се чувствувам подобро и чувствувам дека Ема е со мене“, објаснува Раду.

 

- Оглас -

Најнови вести