Костас Слукас имаше мирна рака во финишот и со прецизен удар за три поени му донесе победа на Фенербахче против Макаби Тел Авив за крај на регуларниот дел на сезоната во Евролигата.
Со тројката на грчкиот репрезентативец Фенер победи со 78:75 за 25-ти триумф и прво место пред стартот на Топ-8 фазата.
Макаби нема да игра во доигрувањето за титулата, а Фенер ќе стартува од пол-позицијата.
Слукас беше најефикасен со 22 поени, пред Луиџи датоме со 17 поени. Кај Макаби се истакна Тарик Блек со 23 поени, а Вилбекин даде 13 поени.