Сплит славеше со 78:77 против Будуќност во меч од 14. коло на кошаркарската АБА лига. Гостите беа апсолутни фаворити пред мечот, но Хрватите не се предадоа. Сплит водеше во поголем дел од мечот, но Будуќност во завршницата успеа да стигне до предност.
На 10-тина секунди до крајот, Будуќност водеше со 77:75, а Сплит го имаше последниот напад. Првиот шут за победа заврши во „бунар“, но домаќините се изборија за поправен. Топката дојде до Сани Чампара, кој со шут од 10 метри, буквално со звукот на сирената погоди тројка за победа.
За Будуќност ова беше само втор пораз сезонава во АБА лигата, додека Сплит се израдува на петиот триумф во регионалното натпреварување.
https://twitter.com/i/status/1347998534667296769