Баерн Минхен го победи Партизан со 89-74 во меч од Евролигата кој им беше важен на двата тима, а вака Црно-белите од Белград се простија од директен влез во плејофот, им остануваат само два меча (со Жалгирис на гости и со Реал Мадрид дома) макар да се изборат барем 7-10 место и плејин-разигрување.
Српскиот тим одигра многу лошо во последната четвртина (24-11 за Баерн) и им дозволи на Баварците да ги разочараат бројните фанови на Партизан на трибините во салата во Минхен. Баерн погоди 13 тројки, шест повеќе од противникот и тука беше клучот на победата.
Важна победа извојува Барселона на гостувањето кај Армани Милано. Каталонците славеа убедливо со 98-88 и на добар пат се да играат плејин, а во игра се и за директен плејоф. Ненад Димитријевиќ играше само 101 секунда и имаше само еден шут кон кошот, и тоа непрецизен.
Олимпијакос, кој е можеби топ-фаворит за титулата во Евролигата, продолжи да „распродава“ бодови. Пирејците имаат три порази по ред, вечерва загубија дома и од Монако со 77-80, па сега Олимпијакос и Фенербахче се на делба на врвот со по 10 порази, а Монако направи крупен чекор кон директен пласман во плејофот кој го носат првите пест позиции на табелата.
Лион Вилербан со победата од 88-79 над Жалгирис дефинитивно му ја запечати судбината на литванскиот тим и Жалгирис веќе нема шанси да биде меѓу првите 10 на табелата.