Реал Мадрид одигра нов одличен меч во Евролигата и со 15 поени разлика го декласира Зенит во Санкт Петербург. Кралскиот клуб имаше неверојатно шоу во ударите за тројка и со 15 прецизни удари од 33 обиди приреди супер шоу за 6 илајди домашни навивачи.
.@rudy5fernandez as COOL as you like!#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/fYd1DcSuSf
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) November 29, 2019
Факундо Кампацо со 19 поени ги предводеше гостите до шестата победа во серија во Евролигата, а до конечните 86:71 Реал стаса со предност во сите четири периоди.
Габриел Дек беше втор стрелец кај победничкиот тим со 15 поени, а кај домаќините Густаво Ајон, кој е поранешен играч на Реал постигна најмногу поени, вкупно 18.
Зенит со шест порази по ред заглави на дното од табелата со само две победи и 9 неуспеси.