Селекторот на Италија, Лучано Спалети, го објави конечниот список од 26-мина фудбалери на кои ќе смета за претстојното Европско првенство во Германија.
За разлика од претходниот список отпаднаа Иван Проведел, Рикардо Орсолини и Самуеле Ричи, додека поради повреди отсуствуваат Франческо Ачерби и Џорџо Скалвини.
„Аѕурите“ во групната фаза ќе играат против Шпанија, Хрватска и против Албанија, а во ростерот на Италија се следните фудбалери:
Голмани: Џанлуиџи Донарума, Алекс Мерет, Гилjемо Викарио;
Одбрана: Алесандро Бастони, Раул Беланова, Алесандро Бонџорно, Рикардо Калафиори, Андреа Камбијасо, Матео Дармијан, Џовани ди Лоренцо, Федерико Димарко, Федерико Гати, Џанлука Мансини;
Среден ред: Николо Барела, Брајан Кристанте, Николо Фаџоли, Мајкл Фолорунсио, Давиде Фратези, Жоргињо, Лоренцо Пелегрини;
Напад: Федерико Киеза, Стефан Ел Шарави, Џакомо Распадори, Матео Ретеги, Џанлука Скамака, Матијас Закањи.