26.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Тројца фудбалери на Манчестер сити заминуваат во иста екипа?!

Пред самиот крај на летниот преоден рок лесно може да се случи тројца фудбалери на Манчестер сити да потпишат за иста екипа. Граѓаните и Галатасарај сè уште преговараат за обесштетувањето за голманот Едерсон, а гигантот од Босфорот веќе испрати понуда и за Мануел Аканџи.

Турците нудат 17 милиони евра, сума која е прифатлива за Манчестер сити, па токму тој би требало да биде првиот фудбалер кој ќе се пресели во Истанбул. Голема е веројатноста двете екипи на крајот да се договорат и за Едерсон, бидејќи и голманот најави дека сака да направи трансфер во Галатасарај.

Сепак, најспектакуларен се очекува да биде трансферот на Илкај Гундоган во Галатасарај. Германецот со турски корени летово ќе си замине од Манчестер сити, а неговата следна дестинација најверојатно ќе биде земјата од каде што се неговите корени.

- Оглас -

Најнови вести