Италијанскиот калчолигаш Фиорентина објави дека уште двајца фудбалери се заразени со Коронавирусот. Откако синоќа беше потврдено дека од вирусот е заразен Душан Влаховиќ, сега на Србинот му се придружија капитенот Герман Пезела и напаѓачот Патрик Кутроне. Покрај тројцата играчи, заразен е и клупскиот физиотерапевт Стефано Даинели.
Сите четворица заразени од редовите на Виолетовите се наоѓаат во домапна изолација и засега се чувствуваат добро.
Италија е европска земја која е најтешко погодена од смртоносниот вирус. Има речиси 18.000 заразени, од кои 1.255 досега се починати.