1.8 C
Skopje
вторник, 13 јануари 2026

Тројца клучни играчи му го свртеа грбот на Алонсо и затоа тренерот доби отказ

Чаби Алонсо повеќе не е тренер на Реал Мадрид, а заминувањето од клупата на Кралскиот клуб сепак не била заедничка одлука, туку одлука само на челниците на клубот. Алонсо бил убеден дека ќе остане на чело на екипата, но по поразот од Барселона во финалето на Суперкупот на Шпанија, стратегот кој само пред неколку месеци дојде на „Сантијаго Бернабеу“, сега веќе е поранешен.

Самиот Алонсо бил незадоволен што челниците на Реал Мадрид им даваат толку голема моќ на фудбалерите и секогаш застануваат на нивна страна.

Алонсо добро започна во Реал и победи на 17 од првите 20 натпревари. Сепак, резултатите во последно време беа разочарувачки, а тројца играчи му откажале послушност на тренерот.

Прв започна Винисиус јуниор, кој беше заменет на Ел Класико против Барселона во октомври. Иако Реал победи со 2:1, започнаа тензиите на релација Винисиус-Алонсо. Бразилецот беше незадоволен бидејќи речиси на секој натпревар беше ваден од игра пред да заврши мечот.

Од клубот тогаш не презедоа дисциплински мерки против Винисиус за јавното незадоволство, па тоа почна да се шири и кај останатите играчи. Следен на листата беше Џуд Белингам. Англискиот репрезентативец сезонава не е ни бледа сенка од тоа што го играше во претходните сезони, а вината повторно беше посочена кај тренерот Алонсо. Белингам не бил задоволен од тактиката што ја спроведува Алонсо.

Третиот клучен играч кој застанал против Алонсо е капитенот Валверде. Тој бил незадоволен бидејќи Алонсо постојано му давал нови задачи и го менувал од позиција на позиција.

Алонсо си замина, а на негово место беше поставен уште еден некогашен фудбалер на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа.

- Оглас -

Најнови вести