1301 Леванте – Уеска (21ч)
Веднаш по репрезентативната пауза, Енис Барди и неговиот Леванте ги очекува тест на домашен терен против аутсајдерот Уеска, која полека може да се подготвува за враќање во втората шпанска лига. Токму Барди како еден од клучните играчи на домаќините треба да ја направи разликата на теренот и да му донесе на Леванте прв прволигашки триумф против Уеска.
Досега во елитата се сретнаа трипати и во сите три меча се делеа бодовите. На Леванте добро ќе му дојдат три бода со цел да се поправи впечатокот од поразот од Бетис, а воедно да се наметне во горниот дел од табелата, односно да се искачи погоре од 10-тото место на табелата.
Предлог тип: 1 (2.40)
1311 Алмерија – Рајо Валјекано (21ч)
Столе Димитриевски делуваше несовладливо против Германија, па таа форма треба да ја пренесе и во својот Рајо, со кого вечерва ќе гостува кај Алмерија во обидот да се зацврсти шестото место на табелата, кое води во разигрувањата за пласман во шпанската елита.
Рајо воедно ќе сака да се реваншира за претрпениот пораз на домашен терен во ноември минатата година, кога загуби со минимални 1-0 од Алмерија. Двете екипи влегуваат со иста форма во овој меч, со по две победи, две ремија и еден пораз, а реално не треба да се очекуваат многу погодоци ако се знае дека само еднаш во последните седум меѓусебни дуели на овие две екипи паднале повеќе од три гола.
Предлог тип: 2 било кога (2.40)
3018 Лече – Салернитана (19ч)
Бобан Николов со сите сили се бори со Лече да избори пласман во италијанската елита, па следната сезона да имаме четворица интернационалци во Серија А, покрај Елмас и секако доколку Пандев и Несторовски останат во Џенова, односно Удинезе.
Вечерва Лече ќе се пресмета со првиот ривал за второто место на табелата во Серија Б, кое директно води кон најдобрите екипи на Чизмата. Во пресрет на овој меч, Лече има 52 бода, Салернитана еден помалку, што значи дека триумф е императив на двете екипи и се игра за многу повеќе од само три бода.
Во лигашки рамки, Лече од 2014 година како домаќин нема победено против оваа екипа, а кон крајот на минатата година се делеа бодовите при конечни 1-1. Лече е во доста подобра форма со четири нанижани победи, иако Салернитана повеќе од два месеци не знае за пораз.
Предлог тип: 1X & 1-3 (1.79)
1021 Бирмингам – Свонси (21ч)
Бирмингам е во незавидна позиција и се бори за опстанок во Чемпионшип, па затоа посакува да ги освои трите бода вечерва, кои исто така им се потребни и на Лебедите во битката за пласман во Премиер лигата. Дури 31 бод е разликата меѓу двете екипи, јасно е дека гостите се фаворити, кои пак никогаш не загубиле гостување на стадионот „Сент Ендрус“ во лигашки рамки.
Бирмингам во овој меч ќе влезе со лоша форма, односно само една победа, а три порази и едно реми, додека пак Свони се надева дека ќе стави крај на двата врзани порази од Борнмут и Кардиф.
Предлог тип: X2 & 0-1 прво (1.75)
1536 Насионал – Портимоненсе (21:30ч)
Се води тесна битка за опстанок во португалската Примера, а токму овие две екипи се меѓу оние кои се надеваат дека ќе го задржат прволигашкиот статус. Насионал како претпоследен на табелата е во криза од шест последователни порази, но има само два бода негатива во однос на вечерниот ривал.
Портимоненсе не е во толку лоша форма, но бележи три порази во последните пет кола, така што тешко ќе им биде на двете екипи да најдат мотивација за победа. Само во еден од вкупно четири меѓусебни дуели повеќекратно се треселе мрежите, а со оглед дека е битка за опстанок, се очекува тврда игра на двете страни, а еден гол може да биде одлучувачки.
Предлог тип: 0-2 (1.63)