Капитенот на Ливерпул Џордан Хендерсон, напаѓачот Садио Мане и дефанзивецот Трент Александер-Арнолд се тројцата играчи на новиот англиски првак номинирани во конкуренција за најдобар фудбалер во сезоната во Премиер лигата. Хендерсон веќе доби едно признание за најдобар во гласање на Асоцијацијата на новинарите. Садио Мане имаше голем придонес во нападот со 18 голови и седум асистенции, а Александер-Арнолд имаше дури 13 асистенции, а даде и четири гола. Дефанзивецот е и во конкуренција за најдобар млад играч.
Освен триото од Ливерпул, во конкуренција за најдобар фудбалер сезонава во Англија се најдоа и Кевин де Брујне од Манчестер сити, голгетерот на Лестер Џејми Варди кој ја освои Златната копачка во лигата со 23 погодоци, како и Дани Ингс од Саутемптон кој заврши со еден погодок помалку од Варди. Последен на листата е голманот на Барнли Ник Поул кој ги одигра сите минути во првенството, а имаше и 15 меча без примен гол.
Победникот ќе се знае на 13 август, а гласањето се прави на сајтот на англиската фудбалска Премиер лига.
An incredible season had by all 🙌
But only one can be the @EASPORTSFIFA Player of the Season!
Get voting: https://t.co/hqowajnv9y#PLAwards pic.twitter.com/7Nqvpkycst
— Premier League (@premierleague) August 7, 2020