Тројца играчи на Спортска прогноза ги погодија петте саботни исходи и пред неделната осумка се во игра за премијата и погодени 13 парови од основната понуда, што носи привилегија сами да си одберат подарок меѓу трите понудени опции.
Стефан С., Николче К. и Кристиан Ј. беа перфектни и имаат пет од пет, а денеска им остануваат уште осум меча. За да не останат со празни раце, доволно им е да погодат и шест или седум исходи, но главната цел е да се фати Среќната 13-ка.
За денес остануваат осум натпревари кои може да ги одиграте на тикет според прогнозите на мнозинството играчи.
Според повеќето играчите на Спортска прогноза, на преостанатите осум меча ќе има два чисти кеца (Валенсија – Селта и Марсеј – Лион), над 70 проценти веруваат во ваков исход, половината веруваат во победа на Наполи на гости кај Рома, а кај дури три пара (Тулуз – Ница, Осасуна – Реал Сосиедад и Бетис – Атлетик Билбао) најмногу прогнозери типувале на нерешено.
Замислениот тикет според желбите на мнозинството прогнозери за денеска би изгледал вака:
1710 Тулуз – Ница Х
1364 Валенсија – Селта 1
1113 Арсенал – Манчестер сити 1
3651 Милан – Интер 2
1366 Осасуна – Сосиедад Х
2849 Марсеј – Лион 1
3652 Рома – Наполи 2
1367 Бетис – Билбао Х