Четвртото коло на Спортска прогноза им донесе ќар на тројца играчи, кои со погодените 11 парa од основната понуда, си заслужија награда, вредносен ваучер од Sport Life во износ од 500 денари.
Марко И. не го погоди исходот само на Удинезе – Фиорентина и Атлетико – Реал Мадрид. Два меча од Франција, Брест – Лион и Мец – Стразбур го спречија Александар Н. да добие 13-ка и премија, а Бобан К. падна на Брест – Лион и Арсенал – Тотенхем.
Победата на Брест над Лион ја типуваа само 10 проценти од играчите и тоа е најголемото изненадување за мнозинството, а помалку од 20 отсто прогнозери ги погодија и победата на Атлетико во мадридското дерби и ремито на лондонско дерби Арсенал – Тотенхем.
По четири кола сезонава, во генералниот пласман во моментов во водство се четворица прогнозери коишто имаат по 35 поени.
Стандардно, паровите за новото петто коло ќе ги објавиме утре во 14 часот.