Тројца ракометари не отпатуваа во Хрватска на последните два меча пред Светското првенство

Македонската ракометна репрезентација утрово отпатува за Хрватска, каде што ќе ги игра двата последни контролни средби пред почетокот на Светското првенство. На последните два меча пред Мундијалот, селекторот Кирил Лазаров ќе биде без тројца играчи кои останаа во Скопје.

Филип Талески, кој треба да биде еден од носителите на играта, има повреда на глуждот и мирува со надеж дека ќе биде подготвен за дуелите на планетарниот собир. Голманот Митревски уште не е целосно подготвен, додека Цветан Кузманоски не влезе во составот на Лазаров.

На Кроација Купот, Македонија прво ќе игра против домаќинот Хрватска (6 јануари), додека на 7 јануари противник на нашата репрезентација ќе ѝ биде Израел. По овие две средби, нашата експедиција ќе се врати во Скопје, каде што ќе одржи неколку тренинзи, а на 11 јануари треба да биде заминувањето во Краков, градот домаќин на СП во групата во која Македонија ќе биде заедно со Норвешка, Холандија и Аргентина.

РАКОМЕТАРИ НА МАКЕДОНИЈА ЗА КРОАЦИЈА КУП: Томовски, Кизиќ, Манасков, Кузмановски, Георгиевски, Пешевски, Петар Атанасијевиќ, Павле Атанасијевиќ, Ѓорѓиев, Серафимов, Џонов, Јагуриноски, Костески, Маркоски, Младеновски, Петров, Савревски. Стојковиќ.

- Оглас -

Најнови вести