Екипата на Херта го доживеа и вториот пораз во втората Бундес лига, откако на домашен терен изненадувачки загуби од Вехен со 0-1.
Она што ги збеснува навивачите на овој клуб е фактот дека тројцата синови на тренерот Пал Дардаи повторно запишаа настап. Палко и Мартон Дардаи се најоа во првата постава на Херта, додека најмладиот Бенче шанса за настап доби од клупата за резерви откако во игра влезе во 69-тата минута.
Со овој пораз Херта останува закована на последната позиција без бодови и без постигнат погодок.