20.8 C
Skopje
четврток, 9 октомври 2025

Трпчевски станува ФИФА судија на местото од Качевски

На предлог на судиската организација при ФФМ за следната 2026 година ќе има измени на интернационалната листа на судии од Македонија. По многу години на шеми и пинг-пинг одлуки, правдата се задоволува со тоа што Стојанче Трпчевски добива ФИФА амблем.

Тој со години е најдобриот судија во земјава, авторитет и судија без скандали. Трпчевски доаѓа на местото од Јован Качевски, чијашто интернационална кариера трае само три години. Од претходно на листата се Игор Стојчевски и Илијоски.

Дознаваме дека има и измени на помошната листа на судии, каде што на местото од Слаѓан Марковски влегува битолчанецот Владимир Митревски. Се очекува официјална потврда на ваквите одлуки од ФФМ иако помина рокот за доставување на листата до ФИФА и УЕФА.

Нашите арбитри во пензионирањето на Ставрев тешко се пробуваат во елитните групи на ФИФА-листите.

- Оглас -

Најнови вести