16.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

Трпеше расистички извици, па даде голови со кои го остави Наполи во битка за скудетото

Виктор Осимен беше јунак во победата на Наполи на гостувањето кај Верона од 2-1. Нигериецот беше навредуван на расистичка основа од домашните фанови, но тој им се одмазди со постигнување на два гола.

После овој триумф, Наполи има три бода помалку од лидерот Милан, а два бода плус пред Интер кој има и два меча помалку.

Верона средбата ја заврши со деветмина фудбалери, откако двајца поцрвенеа во второто полувреме, а Елиф Елмас играше од 63-та минута до крај.

- Оглас -

Најнови вести