0.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Трубин беше херој на вечерта, а УЕФА не го номинираше за играч на колото во ЛШ

Украинскиот голман на Бенфика, Анатолиј Трубин, ги сподели своите емоции по својот гол и победата на тимот од 4-2 над Реал Мадрид во Лигата на шампионите. 

Трубин го постигна решавачкиот гол во 98-мата минута, што ѝ овозможи на Бенфика да се пробие меѓу првите 24 и да се пласира во плејофот за осминафинале.

„Некои од моите соиграчи викаа: „Уште еден!“, но не разбирав за што зборуваат. Пред слободниот удар разбрав бидејќи сите на клупата ми велеа да трчам во шеснаесетникот. Беше неверојатно, имам 24 години и никогаш порано не сум го направил тоа. Не знаев како да реагирам“, изјави Трубин.

Трубин се огласи и преку „Инстаграм“.

„Моето деби во Лигата на шампионите беше на натпревар против Реал Мадрид. Поминаа пет години – и повторно е Реал Мадрид. Само овојпат беше со Бенфика. И со поинакво чувство на теренот. Понекогаш фудбалот ви дозволува да постигнете повеќе отколку што планирате. Дури и гол. Ви благодарам на сите што нè поддржавте и бевте со нас“, напиша Украинецот.

Инаку УЕФА ги објави номинираните за наградата за најдобар играч во осмото коло, а Трубин не е меѓу нив, туку Алексис Мекалистер од Ливерпул, Андреас Шјелдеруп од Бенфика, Жоао Педро од Челзи и Малик Тилман од Баер Леверкузен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести