9.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Трудната сопруга на Хаверц добила гнасни закани по елиминацијата на Арсенал од ФА купот

Навивачите можат да бидат сурови после пораз, некогаш знаат непромислено да реагираат, а таков е примерот и со некои фанови на Арсенал кои испратиле закани до трудната сопруга на Каи Хаверц, Софија, откако само нејзиниот сопруг утна пенал во пенал серијата и поразот на Топчиите во ФА Купот од Манчестер јунајтед.

Германецот Хаверц пропушти неколку убави шанси да му донесе победа на својот тим, а капак беше нереализираниот удар од белата точка.

Жената на Хаверц добила гнасни пораки поврзани со нивното уште неродено дете, Софија сподели дека имало и навреди и закани.

Поради заканите, од клубот Арсенал одлучија да се консултираат со адвокати, па дури и со истражители кои се специјализирани за идентификување на злоставувачите на интернет. Можно е да има правни мерки против тие „навивачи“ кои ги испраќале пораките.

- Оглас -

Најнови вести