Црвена ѕвезда губи со 0:1 по првото полувреме на дуелот против Пафос, во првиот меч од плејофот за пласман во групната фаза од Лига на шампиони. Српскиот првак важеше за фаворит, посебно затоа што игра на свој терен во Белград, но Пафос покажува дека не случајно е во оваа фаза од квалификациите.
Уште во првиот напад, кипарскиот првак даде гол. По само 38 секунди, Жоао Кореа постигна прекрасен гол за молк на стадионот „Рајко Митиќ“.
Потоа, Црвена ѕвезда имаше иницијатива и доминираше на теренот, но сепак Црвено-белите се во заостанување од еден гол. Интересно е дека Пафос постигна и втор погодок, кој беше поништен поради играње со рака на еден гостински играч.
Crvena zvezda 0-1 Pafos – João Correia 1'
byu/4gjdtokurwa insoccer