36.8 C
Skopje
среда, 23 јули 2025

Цаке: Заслужено победивме против ФЦСБ, ќе дадеме сѐ од себе и во Букурешт

Еден од најважните играчи на Шкендија, Клисман Цаке, изрази големо задоволство по триумфот од 1-0 против романскиот првак ФЦСБ во второто квалификациско коло од Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион синоќа одигра квалитетен натпревар во Скопје против ФЦСБ и сосема заслужено стигна до минимална победа, која носи голем мотив пред реваншот кој следува за една седмица во Букурешт.

„Оваа победа ја заслуживме. Игравме дисциплинирано, ја затворивме добро одбраната и во второто полувреме прикажавме одличен напад, со еден навистина убав гол“, изјави Цаке по натпреварот.

„Но, мора да останеме фокусирани и смирени, без да се занесуваме, затоа што ни претстои уште еден тежок меч. Знаеме дека во Букурешт не очекува голем предизвик, но ќе дадеме сè од себе за да избориме пласман понатаму. Мотивација секако нема да ни недостасува и сигурен сум дека ќе бидеме подготвени за тоа што не очекува“, дополни дефанзивецот на Шкендија.

- Оглас -

Најнови вести