Царството на бројките е чудесно, Лампард ја има магијата

Чудесно е понекогаш царството на бројките, а овојпат магијата ја има познатиот поранешен фудбалски ас Франк Лампард. Две сезони е тренер на клубови од Англија откако ја заврши успешната фудбалска кариера и има чудесна статистика и идентичен број постигнати и примени голови и со Дерби каунти лани и со Челзи оваа година.

Во регуларниот дел на Чемпионшип лигата во ланската сезона Дерби каунти постигна 69 голови, а прими 54, а потоа да играше во плејофот за пласман во Премиер лигата, но го загуби финалето од Астон вила.

И Лампард, кој го покажа својот талент и како тренер, се пресели во својот Челзи и за чудо во првата сезона како менаџер во Премиер лигата со Сините од „Стемфорд бриџ“ има ист скор на постигнати и примени голови, како и лани со Дерби каунти.

Челзи во 34 кола во Премиер лигата постигна 69 гола и прими 54, што е магично поклопување на бројките за Френк Лампард во неговите стартни две сезони во тренерската кариера.

Лампард го предводеше и Челзи одлично и стаса до посакуваната четврта позиција која му донесе нов настап во Лигата на шампионите на поранешниот европски првак.

Клубот ќе има продолжена сезона бидејќи на први август на „Вембли“ ќе игра против Арсенал за пехарот во националниот куп на Англија, а на 8 август го чека реванш-дуелот со Баерн во Минхен во осминафиналето на Лигата на шампионите. За пат во четвртфиналето ќе им треба голем подвиг бидејќи го загубија првиот меч со 0:3 на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести