Цел меч навиваше во дрес на Тотенхем, а на крајот си замина победнички во дрес на Лампард (Фото)

Необична сцена на градското дерби меѓу Тотенхем и Челзи. Еден навивач од азиско потекло во текот на целиот меч го следеше мечот на трибините во дресот на ѕвездата на Тотенхем, Сон. Токму Сон е еден од трагичарите затоа што доби црвен картон и Тотенхем со играч помалку немаше шанси да ја стигне негативата од 0:2.

Навивачот кој го носеше дресот на Сон, како да беше подготвен и на сценарио дека Челзи може да победи. Непосредно по завршување на мечот, тој го соблече дресот на Сон, а цело време под тој дрес, носел дрес на Челзи од играчките денови на Лампард.

Очигледно дека овој навивач не сака да си оди разочаран и сака да е на победничката страна.

- Оглас -

Најнови вести