Цел регион ни се смее поради состојбата во која е теренот на Арената „Тодор Проески“

До пред неколку години со гордост Македонија се фалеше дека ја има Арената „Тодор Проески“, стадион кој ги исполнуваше критериумите од 4 категорија наа УЕФА. Токму поради тоа, стадионот за кој беа потрошени 60 милиони евра за неговата реконструкција, го доби и домаќинството да го организира Суперкупот на УЕФА во 2017 година, па во Скопје играат двата светски гиганти Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Гордост беше Арената тогаш, но сега ситуацијата е поинаква и тоа најмногу е поради теренот на кој треба да играат фудбалерите. Очајна е состојбата на тоа што треба да се нарекува трева, а повеќе личи на нива на која се садат компири.

Кога пред 10-тина дена гостуваше тимот на Левски од Софија, Бугарите први замерија на оваа очајна состојба и со право. Сега, и останатите медиуми од регионот пишуваат за очајната состојба во која се наоѓа теренот на Арената „Тодор Проески“.

Поради тоа, Струга ТЛ не доби дозвола да го игра мечот од третото квалификациско коло од Конференциксата лига на овој стадион, а прашање е дали теренот ќе се санира до 9 септември кога во Скопје треба да гостува актуелниот европски првак Италија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести