24.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Цел свет е збунет од резултатот, Македонија се радува и слави

Вистина е, или некаква шега, се прашуваа многумина кога го видоа резултатот од Дуизбург. Македонија ја победи големата Германија со 2-1 и тоа на нејзин терен, па сега Ерменија и Македонија се на првите две позиции на табелата во групата Ј со која главни фаворити требаше да бидат Германија, Романија и Исланд.

Германија две децении немаше загубено меч од квалификации за СП, и за нив вечерашниот пораз е подеднакво срамен како оној на 1 септември 2001 кога беа разбиени од Англија со 1-5.

Македонската селекција покажа дека нема ништо невозможно, веруваше во себе и за инает на сите, успеа да победи во меч на кој малкумина веруваа дека може да триумфира.

- Оглас -

Најнови вести