Цел свет ќе навива за Наоми во Синсинати, ќе ја донира наградата за помош на Хаити

Наоми Осака ќе игра на ВТА турнирот во Синсинати за да им помогне на настраданите во земјотресот што го погоди Хаити и објави дека целата награда ќе ја донира за помош на оваа земја.

Вчера Хаити го погоди страотен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтер, а животот го загубија над 300 луѓе, а има и многу повредени.

„Комплетната награда што ќе ја остварам на турнирот во Синсинати ќе ја донирам за помош на настраданите од земјотресот во Хаити. Вие сте во моите мисли и со цело срце сум со вас“, објави Осака.

Лани стаса до финалето на турнирот, но го предаде мечот за титулата против Викоторија Азаренка без борба, порад повреда. На ова издание Јапонката е рангирана како втора носителка и е слободна во првото коло, а потоа ќе има опасна ривалка и веројатно ќе игра со Коко Гоф од САД.

Шампионката на престижниот турнир во Охајо ќе добие 255 илјади долари.

- Оглас -

Најнови вести