Барселона синоќа против својот редовен муштерија Вилјареал, дојде до првата гостинска победа сезонава во шпанската лига, но триумфот беше засенет од помошта од судиите која ја имаа каталонците на почетокот на мечот.
Во 8 минута, Жерард Пике имаше една одбрана со рака, но судијата не досуди пенал, а што е уште почудно, немаше реакција ниту од ВАР собата. Ова се случи при резултат 0-0.
Тренерот на Жолтата подморница, Унаи Емери, беше бесен после мечот.
„Заслужуваме некој да ни даде објаснување. Топката оди кон гол, Пике ја запира со рака, а нема пенал. Ако требаше да се користи ВАР против нас, ќе го користеа. Изгледа Барселона има моќ“ – рече Емери.
Инаку, Барселона е единствен тим во лигата против кој сезонава не е досуден пенал, а Вилјареал уште чека за првпат да му досудат еден пенал.
Погледнете го ракометот на Пике кој судиите не го видоа: