Цел тим на Динамо Дрезден во 14-дневен карантин, нема играње на 17-ти мај!

Во тимот на германскиот второлигаш Динамо Дрезден, се откриени два нови случаи на заразени од коронавирусот, па целиот тим ќе мора да оди во 14-дневен карантин, што значи дека дуелот на Динамо на гости кај Хановер кој требаше да се игра в недела, на 17 мај, ќе биде одложен.

Германците одбројуваат до рестартот на сезоната, остана уште една недела, па ова е голем чекор назад за Динамо и воопшто германскиот фудбал. Од клубот велат дека иако ги преземале сите мерки во изминатиот период, жалат што се случило ова и што нема да смеат да играат во следните две недели.

Двајцата фудбалери на Динамо Дрезден немаат симптоми, добро се чувствуваат, но цел тим го вратија во домашен карантин. Динамо тренираше нормално од четвртокот, откако беа направени првите тестови кои беа негативни.

Популарната Цвајта, која е втора германска лига, беше прекината после 25 одиграни кола.

- Оглас -

Најнови вести