Цел тим на Фенербахче на тестирање

Кошаркарскиот клуб Фенербахче соопшти дека сите играчи, стручниот штаб и персоналот се пратени на тестирања за коронавирусот, откако кај неколку членови на тимот се појавиле симптоми на вирусот Ковид-19.

По утврдувањето на симптомите, медицинскиот тим на клубот веднаш реагираше и го испрати тимот во болница на детални анализи и тестови. Од Фенербахче потврдија дека по извршувањето на тестовите кај сите членови, ќе биде соопштено кај кого е присутен коронавирусот, по што ќе се преземат мерките за самоизолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести