23.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Цел тим на Јуве на дружба пред дербито со Рома, но го нема „главниот“ (фото)

Италијанскиот првак Јувентус утре гостува кај Рома во рамки од 19-тото коло во Серија А. Дербито на „Олимпико“ ќе се игра во вечерниот термин, а покрај тоа што двете екипи се подготвуваат за овој меч, има време и за дружба.

Цел тим на Јувентус вчера биле на вечера, но на фотографијата која ја објави Миралем Пјаниќ недостасува „главниот“. Кристијано Роналдо е единствениот кој не присуствувал на тимската вечера, а причините не се познати.

Португалецот на најдобар можен начин стартуваше во Новата година, запиша хет-трик и асистенција во триумфот од 4-0 против Калјари во претходното коло. Најверојатно Роналдо слободното време го поминал во теретана наместо да се дружи со соиграчите, со цел утре да покаже уште едно брилијантно издание.

- Оглас -

Најнови вести