„Цел век“ победи за Федерер на Вимблдон

Роџер Федерер се пласираше во полуфиналето на Вимблдон откако го совлада Кеј Нишикори со 3-1 во сетови (4-6, 6-1, 6-4, 6-4). Швајцарецот оствари досега невиден рекорд, тој е првиот машки тенисер кој стигнал до 100 победи на еден Гренд слем, по славјето над Јапонецот.

Нишикори на стартот му одзеде сет на Федерер, а потоа еден од најдобрите тенисери на сите времиња ја смени плочата и сè тргна во негова полза. Со два брејка Федерер израмни на 1-1, а потоа двата наредни сета ги освои со идентични 6-4.

Во полуфиналето најверојатно ќе му биде противник Рафаел Надал, еден од неговите вечни ривали. Шпанецот моментално го дели еден сет во дулот против Кереј за нова епска средба против Швајцарецот.

- Оглас -

Најнови вести