Цела Америка го слави Русинот, Овечкин стана прв стрелец во историјата на НХЛ (Видео)

Александер Овечкин го постигна долгоочекуваниот рекорден 895-ти гол во кариерата во мечеви од регуларна сезона во НХЛ-лигата.

Рекордниот гол со кој го надмина Вејн Грецки, рускиот хокеар го постигна на гости кај Њујорк ајлендерс. Публиката во Њујорк славеше како голот да го постигнал некој домашен играч.

Честитки до Алекс дојдоа од многу страни, се појави и видео на кое многу големи спортисти му честитаа за рекордот, а Грецки, чиј рекорд се чинеше дека никогаш нема да падне, лично му честиташе на Овечкин и му рече дека ако дојде до бројка од 900 гола, ќе му подари автомобил. Кога Грецки го поставил сега веќе стариот рекорд (исто така рекордниот гол му беше против Ајлендерс), во 1994 година, клубот му купил „ролс-ројс“. Последниот гол Грецки го даде во 1999.

„Олеснување? Да, конечно нема да ме прашуваат кога ќе го соборам рекордот, тоа е веќе направено. Можете сами да видите колку луѓе дојдоа од целиот свет да го видат овој момент. Ова е нешто посебно. Прославата ми беше случајна, се сопнав и паднав, но испадна кул“, рече Овечкин.

Ако се сметаат головите и во регуларниот дел и во плејофот, рекордер и понатаму е Грецки, кој има 1.016 погодоци. Овечкин е на второ место со 967 гола и му фалат уште 49 гола за да го собори и овој рекорд на Грецки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести