Цела лондонска полиција се спрема за погреб, УЕФА го одложи мечот Арсенал – ПСВ!

УЕФА го одложи мечот од Лига Европа помеѓу Арсенал и ПСВ Ајндховен, кој требаше да се игра в четврток во Лондон, од групата А во Лига Европа.

Причината се крие во ограничените ресурси со кои располага полицијата во Лондон. Полицијата ќе биде ангажирана за обезбедување на погребот на кралицата Елизабета Втора и организација околу тој настан закажан за 19 септември.

УЕФА во некој од следните денови ќе го објави новиот датум на кој ќе играат Топчиите и Холанѓаните.

- Оглас -

Најнови вести