Македонскиот кошаркарски првак, МЗТ Скопје Аеродром, вечерва од 19 часот во Чачак му гостува на Борац, и тоа е последна шанса за Металците да се фатат за сламка на спасот во АБА лигата.
Победа, особено ако е со повеќе од 8 поени разлика, го остава МЗТ во реална трка за избегнување на дното и директно испаѓање од АБА лигата. Од друга страна, пораз ќе значи крај на надежите и испаѓање, бидејќи така МЗТ би имал две победи помалку од Борац на три кола до крај.
Според квотите во Sport Life, српскиот тим е фаворит. Може да се обложите и на кошаркари а кои мислите дека може да погодите колку поени ќе постигнат. Од играчите на МЗТ во понудата за поени, тука се Абдул Малик Абу, Мајкл Кефи, Кеандре Кук, Страхиња Миќовиќ и Војдан Стојановски.
За МЗТ идеално би било кога сите овие петмина би отишле во плус поени од границата која е поставена.