Цела репрезентација на Азербејџан е три и пол пати поефтина од Брозовиќ

Хрватска е голем фаворит во дуелот против Азербејџан кој попладнево се игра во Баку. Коцкестите пред неколку дена лесно и убедливо со 4:0 славеа на гости кај Словачка, а сега се очекува нова сигурна победа на избраниците на Златко Далиќ.

Според проценките на Трансфермаркет, репрезентацијата на Хрватска има вредност од 294 милиони евра, додека Азербејџан вреди само 15,2 милиони евра. Повеќето од репрезентативците на Хрватска сами вредат повеќе од сите фудбалери на Азербејџан.

Марсело Брозовиќ се проценува на 50 милиони евра, Анте Ребиќ вреди 40 милиони евра, а потоа следуваат Матео Ковачиќ (35), Иван Перишиќ (30), Лука Модриќ (20), Никола Влашиќ (20), Дејан Ловрен (20 милиони евра)… Најскап играч кај Азербејџан е натурализираниот репрезентативец, Бразилецот Ричард Алмеида со вредност од 1,6 милиони евра.

Хрватска и Азербејџан досега имаат одиграно три меча,а  Коцкестите се радувале на две победи, но сепак на гостувањето во Баку имаат реми без голови.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести