Цела сезона победија само три пати и испаднаа, но заработија над 100 милиони евра

Најпознатите европски лиги во Европа имаат по некој карактеристичен детал како асоцијација. За шпанците се вели дека сакаат да играат технички дотеран фудбал, италијанската Серија А е асоцијација за популарното катеначо, додека во Германија веќе со години навивачите се тие кои фасцинираат со бројноста на трибините. Кога се работи за англиската Премиер лига, тука се парите.

Англиската Премиер лига и официјално ги објави податоците за тоа колку заработија клубовите кои играа во Премиер лигата изминатава сезона. Ливерпул кој мораше да се задоволи со вицешампионското место, заработи најмногу, дури 152.425.146 фунти. Над 150 милиони фунти заработи и шампионот Манчестер сити, додека со повеќе од 140 милиони фунти заработка се останатите четири екипи од Топ 6, а тоа се Челзи, Тотенхем, Арсенал и Манчестер јунајтед.

Најинтересно од се е тоа што Хадерсфилд кој беше очаен и заврши како последнопласиран со само три победи во текот на целата сезона, заработи преку 96 милиони фунти, односно над 100 милиони евра. Оваа сума е неверојатна за клуб кој испадна со очајна игра и само 22 постигнати голови во текот на целата сезона.

- Оглас -

Најнови вести