Шпанскиот репрезентативец Нико Вилијамс беше големата желба на Барселона за засилување на крилната позиција летово, имаше обостран флерт, но тој трансфер не се реализираше и Вилијамс сепак остана во Атлетик Билбао.
Вечерва на олимпискиот стадион во Барселона, Вилијамс гостуваше кај Барса и неговиот тим загуби.
После мечот, Вилијамс пријателски се прегрна со тренерот на Барселона, Ханси Флик, и имаа краток разговор. Германскиот стручњак откри што му кажал на Нико.
„Ништо посебно, само му честитав за освоената европска титула со Шпанија“, рече Флик.