Никола Јокиќ ја разочара српската спортска јавност откако реши да не игра за националниот тим на Светското првенство. МВП играчот во НБА финалето од плејофот требаше да биде предводник на селекцијата на Србија на Мундијалот, но реши дека нема да игра.
Селекторот Светсислав Пешиќ објасни дека Јокиќ „физички и ментално е истрошен и не е подготвен да превземе одговорност како што се очекува од него“. Дента кога Јокиќ откажа да игра за репрезентацијата на Србија, центарот славеше и тоа поради успесите на неговите коњи на трките на кои се натпреваруваат.
Со трофејот во раце, Јокиќ слави во звуците на песната „Да сум пајак“.
https://twitter.com/i/status/1683575442765144071