Цела Србија се подготвува да гледа Бетис – Реал, има најава дека ќе игра Јовиќ

Реал Мадрид нема да го купи Единсон Кавани, ниту било кој друг напаѓач во овој преоден рок, иако тимот на Зинедин Зидан има проблем со (не)ефикасноста. После ремито на Кралевите без голови кај Реал Сосиедад, имаше критики на сметка на Зидан зошто не уфрли во игра некој од напаѓачите како Јовиќ, Маријано Дијас или Мајорал.

Зидан рече дека им верува на своите играчи, а вечерва на опасното гостување кај Бетис, повторно нема да играат Азар и Асенсио, па пак ќе треба да брка гол(ови) со истите играчи кои настапија и во претходното коло.

За Јовиќ кој потфрли во дебитантската сезона во Реал, се шпекулираше дека ќе замине некаде на позајмица, но веројатно нема ништо од тоа и ќе добие втора шанса.

„Јовиќ и Бензема може да играат заедно. Ни претстојат уште многу мечеви. Има многу можности, различни стилови и формации. Секој меч е различен. Кога го составуваме тимот, во предвид го земаме и противникот. Никогаш не сум рекол дека Карим и Јовиќ не може да играат заедно. Дефинитивно можат, и некогаш ќе играат заедно“ – изјави Зидан.

Јовиќ откако даде убав гол против Осасуна во минатата сезона, има одиграно само 44 минути на официјалните мечеви, што е премалку за некој што лани беше скапо платен. За мечот со Бетис има реална шанса да се појави на терен, а Зидан треба да одлучи дали ќе му даде шанса од прва минута или ќе го стави од клупата за резерви.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести