Поранешниот англиски репрезентативец, Рахим Стерлинг, нема одиграно натпревар од март 2025 година, а по раскинот на договорот со Челзи, како слободен агент потпиша со Феенорд.
Сепак, Англичанецот не само што не може да игра за Феенорд, во моментов не може ниту да тренира со остатокот од екипата на Ван Перси, бидејќи се уште ја чека работаната дозвола.
Според правилата, Стерлинг воопшто не смее да тренира во комплексот на неговиот нов клуб, бидејќи тоа ќе се смета за работен ангажман, па Холанѓаните најдоа соломонско решение.
Феенорд ќе ги одржува своите тренинзи во соседна Белгија, се додека Рахим Стерлинг не ја комплетира документацијата околу работаната дозвола, па на некој начин правилата ќе бидат ќе бидат заобиколени со преминување на виртуелната граница помеѓу Холандија и Белгија.

